ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/5/22 1:57 PM

Фудбалер ја пропушти сопствената свадба поради натпревар, го заменил брат му

Новиот напаѓач на шведскиот прволигаш Малме, Мохамед Буја Туреј, ја пропушти сопствената свадба за да дебитира синоќа за својот нов клуб на натпреварот од квалификациите за Лига Европа против Дуделанж, јавија шведските медиуми.

Фудбалерот од Сиера Леоне обелодени дека тој воопшто не се појавил на свадбата, а на церемонијата го претставувал неговиот брат.


– На венчавката ме застапуваше мојот брат. Се венчавме на 21 јули во Сиера Леоне, но јас не бев таму, бидејќи Малме ме замоли да дојдам порано, изјави Туреј.

 

Новото засилување на Малме од Сиера Леоне на социјалните мрежи објави фотографии од свдабата, појаснувајќи оти тие биле направени претходно.

„Претходно се сликавме. Значи, изгледа дека бев таму, но не бев. На самата свадба ме замени брат ми, додека кај мене ќе живее жена ми. Кога станува збор за меден месец, прво треба да бидеме шампиони“, изјави напаѓачот на „Малме“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7