ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/5/22 1:50 PM

Ќе „излегуваме“ на Фејсбук, во „кафана“ само со полн џеб – Зголемени цените на угостителските услуги

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2022 година е зголемен за 8,9 отсто во однос на истиот период лани, додека во однос на декември 2021-ва бележи раст од 7,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2022 година е зголемен за 4,2 отсто во однос на претходниот месец. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 6,4 проценти и Ноќевања за 0,2 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2022 година во однос на истиот месец лани е зголемен за 15,9 отсто.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7