ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/5/22 1:38 PM

Гајле ми е за стомакот, си имам две златни дечиња и сопруг, вели водителката Милена која се пожали на килограмите

Водителката Милена Антовска- Станковска, која не само што е на породилно боледување, туку и на годишен одмор, сподели фотографија во костим за кашење. Но, Милена и покрај тоа што објави фотографија, која, како што рече е без фотошоп, сепак, не е задоволна од својот изглед, односно ја нервира стомачето, за кое вели дека не се спушта по рагањето на ќерката.

-Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана. Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку. Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика Гордан Станковски. Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите, рече Милена.

Но, Милена и со стомачето е поубава од многу кои не се породиле а го имаат овој проблем.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7