ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/5/22 12:44 PM

(Видео) Жените уживаа! Згодниот Џејсон Момоа со цвет на уво служи вода во авион

Познатиот американски глумец Џејсон Момоа ги забавуваше патниците на лет до Хаваи кога реши да ја преземе улогата на стјуард и на сите да им подели шише со вода.

Екипажот на авионот му ја удоволил желбата, па му ја дале количката со водата, а актерот си стави цвет на уво и прошета пред изненадените патници. Потоа тој на Инстаграм објави и видео од сѐ тоа и стана интернет-хит.

– Здраво, јас сум Џејсон Момоа, дали сакате изворска вода од алуминиумско шише за повеќекратна употреба?, прашува глумецот.

Како што објасни тој, идејата била – туристите кои доаѓаат на Хаваи да се запознаат со островите како дом на бројни животински и растителни видови и внимателно да размислат дали таму треба да носат пластични шишиња за еднократна употреба.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7