ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/5/22 12:35 PM

Незаборавна вечер на „Охридско лето“ со Фламенко балетот „Луксуриа“

Со спектакуларно шоу на Фламенко балетот „Луксуриа“ од Шпанија, фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер на Античкиот театар го прослави 62-от роденден.

Бројни љубители на уметноста уживаа во ритамот и емоцијата на музичарите и танчерите од шпанскиот Фламенко балет „Луксуриа“, во одличната кореографија и перфектната изведба.

На почетокот на концертот се обрати Амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија.

-Амбасадата на Шпанија е спремна да продолжи со зајакнување на одличните односи со оваа пријателска земја Северна Македонија, зајакнување на културните односи меѓу нашите две земји, и поконкретно со прекрасниот град Охрид,  рече амбасадорот Хозе Луис Лозано Гарсија.

Директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ, истакна дека огромна е почитта кон сите кои ги вложија своите напори и направија летните фестивалски вечери веќе 62 години да бидат вистинско уживање за љубителите на високата уметност.

-Денеска ги славиме годините испишани со богата историја со славни имиња од светската музичка елита и врвните театарски креации. Денеска ја празнуваме уметноста, рече Поповиќ.

Фламенко балетот „Луксуриа“ на публиката по повод 62-от роденден на фестивалот „Охридско лето“ ѝ приреди незаборавна вечер донесувајќи на сцената  свет исполнет со напнатост, интриги, љубов, страст, лојалност и трагедија, но и нови иновативни комбинации на традиционалното и модерното фламенко.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7