ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/5/22 11:01 AM

Ламбе Албаковски и Некст Тајм хуманитарно ќе пејат за загрозено семејство во Тетово

 Музички спектакл на отворена сцена на 10 и 11 август најавуваат организаторите од иницијативата „Го сакам Тетово”, со настапи на Ламбе Албаковски и Некст Тајм.

Концертите ќе бидат на отворено и бесплатно во Жена парк, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и средства за загрозено семејство.

-Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и опстанок на младите во Тетово, истакна Станислав Бојчески од иницијативата.

„Иницијативата „Го Сакам Тетово” најавува и други настани во текот на летото.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7