ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/5/22 10:42 AM

Напредниот скенер од Мој ДДВ е достапен на ажурираната верзија на Apple Appstore и HUAWEI AppGallery

Корисниците на апликацијата МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки – соопштија денеска од Управата за јавни приходи.

Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.  Корисниците на на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање ( update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер” наместо, „основен” повторно да одберат „напреден ” – информираат од УЈП во денешното соопштение.

УЈПввеќе ја почна исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7