ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/4/22 9:00 PM

Се мажи најубавата жена од Босфор: Кој ѝ го украде срцето на Демет Оздемир?

Една од најубавите актерки, Демет Оздемир на 26-ти август ќе го каже судбоносното „да“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demet Özdemir (@demetozdemir)

Таа важи за една од најпопуларните актерки во Турција, а медиумите често пишуваат за нејзиниот приватен живот. На нејзиниот шарм не можеше да одолее актерот Јусуф Чим, со кој актерката играше во иста серија во 2015 година. Тие беа во врска две години и беа на чекор до венчавка, но сепак се разделија, а причина за тоа како што изјавија своевремено, било тоа што љубовта згаснала.

По Јусуф, Демер се вљуби во колегата Сечкин Оздемир. Првпат во јавноста беа забележани во 2018 година, но во медиумите беа објавени информации дека нивната романса почнала многу порано.

Дефинитивно од сите врски на Демет, вниманието на јавноста најмногу го привлече онаа со актерот Џан Јаман со кој беа главни улоги во една турска серија. Многу обожаватели „навиваа“ за нивната убов со оглед на тоа дека хемијата меѓу нив беше и повеќе од очигледна. Тие никогаш официјално не потврдија дека се во врска, иако гласините беа инспирирани од нивните заеднички фотографии од одмор.

Исто така, преубавата актерка се појави и во еден од видео записите на поранешниот сопруг на пејакчата емина Јаховиќ. Пејачот Мустафа Сандал. Тогаш се појавија гласини дека меѓу нив има искри. Меѓутоа, на крај срцето на преубавата актерка го украде пејачот Огзан Коч. Нивната врска на моменти беше турбулентна, но очигледно двајцата не можеле еден без друг, па на својата љубов ѝ дадоа втора шанса, а во пресрет на свадбата, се гледа дека подобра одлука и не можеле да донесат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7