ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/3/22 7:00 PM

Кога наместо диета, сакаат намалување на желудникот: Многу јавни личности се оперираа, но зафатот може да биде кобен

Обезноста или прекумерната дебелина стана еден од водечките здравствени проблеми.

Брзиот начин на живот може да има лоши последици во однос на начинот на хранење, а посегнување по нездрави намирници, како и немањето физичка активност, водат кон вишок килограми. Диетите кои се актуелизираат знаат да бидат доста макотрпни, па во меѓувреме луѓето губат мотивација. Борбата со килограмите им здодеа на многу јавни личности, па дел од нив решија да одат и на операција за да се справат со проблемот.

Имено, се работи за операција за намалување на желудникот. Некои лекари тврдат дека тоа е единствениот начин за лекување на обезноста и спречување на други здравствени компликации на долг рок. Смалувањето на желудникот односно гастректомијата е процедура со која желудникот се намалува за околу 75 отсто. На тој начин се намалува количината на храна која се внесува во организмот, а паралелно се менува и хормонскиот пат кој на некој начин ја регулира и ситоста. По операцијата, пациентот добива посебен режим на исхрана кој мора строго да го почитува за да не дојде до одредени компликации.

Кога желудникот е помал, количинскиот внес на храна се сведува на минимум. Добрата работа е што многу побргу се постигнува ситост, па така опсесијата за прејадување е елиминирана. Овој метод на намалување на вишокот килограми е еден од наједноставните, поради што сѐ повеќе луѓе се одлучуваат за ваква операција.

Низ овој тип процедура поминаа и многу јавни личности, а меѓу регионалните ѕвезди кои се оперираа се Дарко Лазиќ. Ана Николиќ, Дејан Миличевиќ и Инди. Дарко Лазиќ со години мака мачеше со вишокот килограми. Неговата операција за намалување на желудникот помина успешно, па резултатите беа неминовни.

Кај секоја операција постои евентуален ризик, па така и кај овој зафат се можни одредени компликации, но тоа се случува ретко.

Една од компликациите до кои може да дојде е инфекцијата, но може да се случи и крварење или длабока венска тромбоза.

Сепак, и покрај големиот успех на овие операции, статистиката вели дека една четвртина од пациентите не успеваат да ги променат своите навики, па продолжуваат со „статичниот“ начин на живот.

 

Извор и фото: stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7