ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/9/22 10:09 PM

Ботокс третман за коса: што сè треба да знаете ако сакате да го пробате

Овој процес на длабоко кондиционирање може да биде добар начин за посјајна и поздрава коса.

Ако сакате конечно да постигнете највисоко ниво на сјај и мазност на вашата коса, а истото да не бара многу време и труд, можете да размилсите за третман ботокс на коса. Не плашете се поради самото име на третманот, бидејќи името влече на друга страна-игли, вбризгување и слично. Во овој третман на коса не постои ниту една игла, а ни самиот ботокс воопшто не е состојка која се применува.

За што всушност станува збор

Комплетниот процес на овој третман и неговото дејство го објасниле стручњаците на сајтот

„ Womenshealthmag “ – Ботоксот за коса е 100% вегански третман за длабоко кондиционирање кој ќе ја задржи текстурата на вашата коса недопрена, оставајќи ја мазна и повеќе хидрирана од порано, кажува Каила Циамброне, професионален стилист од Флорида во салонот Гауди, каде редовно изведува ботокс третмани на коса.

Името на третманот потекнува од начинот на кој фунционира целиот процес-третманот практично претставува полнење на поединечните влакна на косата, ги затвара испуканите врвови и ѝ дава на косата нова исполнетост со што ќе се намали пукањето и виткањето на косата. Кога прамените ви изгледаат млитаво, истегнато, испукано и недрави, или кога чувствувате дека топлината и стресот предизвикале кршење или оштетување, ботоксот за коса може да помогне да ја ресетира вашата коса и воедно да ја израдувате со овој процес на препородување.

Како „работи“ третманот ботокс на коса

Иако во ботоксот за коса не се користат инекции, вашиот фризер веројатно пред нанесувањето на производите ќе се консултира, бидејќи производот во суштина е нехемиски концентрат кој може да содржи сосотојки како што се витамин Б5, витамин Е, комплекс на колаген, антиоксиданси, масло, кавијар, во зависност од точниот производ. Како што кањжуват струлњаците, овие состојки ја негуваат косата, борејќи се против слободните радикали,а делувајќи против знаците на стареење, од кршливи прамени со скрешени влакна.

Колагенот помага вашата коса дополнително да се оправи, додека маслото во третманот помага во омекнувањето и затварање на кутикулите на косата. Секој третман ќе биде малку поинаков, во зависност од нивото на оштетување. Фризерот проценува за состојбата и квалитетот на косата, а во зависнос од текстурата на косата и саканиот резултат, ботоксот за коса стои на вашата коса од 20 минути до еден час.

Кога ќе дојде време за измивање на производот, вашиот фризер ќе користи посебен шампон и средство за балансирање на ПХ вредноста. Вашата коса потоа се суши со фен и се пегла и не треба да се мие повторно во период од 48 часа. Стручњаците препорачуваа дури 72 часа да не се мокри косата, а ако е можно и повеќе.

Кои се предностите на третманот ботокс за коса

После третманот, можете да очекувате дека ќе имате помазна, пополна коса и помалку испукани краеви. Можеби ќе забележите помалку виткање како резултат на влагата која третманот ја додава во вашите влакна. Резултатите можат да траа од два до четири месеци.

Замислете ботокс за коса како вид на третман кој е сличен на одржување. Целата коса може да има корист од додавање на протеини и хидратантни елементи од време на време, што во суштина го овозможува овој третман. Сепак стручњаците предупредуваат да водите сметка кај кого ќе одите на овој третман, бидејќи ако сакате да добиете најдобри резултати од овој третман треба да се обратите кај линценцирани козметичари или стилисти.

За кои типови на коса или состојба најдобро делува ботоксот за коса

Бидејќи во ботоксот за коса не се вклучени силни хемикалии, стручњаците кажуваат дека е безбеден за било кој вид на коса, било да е природна, фарбана или хемиски тетирана. Третманот има посебно регенеративно дејство кај оние со проретчена, оштетна или безживотна коса.

Колку често може да се прави ботокс за коса

Иако можеби очекувате дека вашиот третман ботокс за коса ќе трае околу три месеци, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ги продолжите предностите и дејството на овој третман. Стилистите предлагаат миење на коса со нежен шампон без сулфати и парабени не повеќе од два до три пати неделно. За да направите чекор понапред, размислете за спиење на свилена перница или спиење со капа на глава.

Ботоксот за коса нема да и наштети на вашата коса доколку на неа правите и други третмани, но секако препорака е да не ја третирате текстурата на косата не почесто од два месеци.

Која е разликата помеѓу ботокс за коса и кератин

Некои луѓе ги мешаат третманите ботокс за коса со кератин, бидејќи крајните резултати можат да бидат слични. Многу третмани со кератин содржат формаделхид, коиј го намалува виткањето и хемиски ги исправаат прамените, за разлика од ботокосот за коса кој работи со природната текстура на вашата коса за посуптилен ефект.

Стручњаците исто така наведуваат дека додека кератинот често се користи за исправување и отстранување на витканата коса, посебно на густа виткана коса, ботоксот за коса нема да ја промени текстурата на вашата коса. Исто така треба да се има во превид дека кератинот и ботоксот за коса никогаш не треба да работат во исто време. Кој третман е најдобар за секој клиент зависи од интегритетот, текстурата на косата и посакуваната цел. Сето тоа се утврдува во текот на консултациите кога клиентот ќе дојде кај лиценцирани стручњаци.

,

Извор: ona.telegraf.rs

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7