ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/31/22 7:49 PM

(Видео) Барикади во северно Косово, сирени во Косовска Митровица

Српски граѓани поставиле барикади на северот на Косово, по најавата на Приштина дека од утре стапува во сила одлуката за пререгистрација на возила и лични карти.

Во Косовска Митровица од пред 18 часот се слушаат сирени.

Како што јави РТС, граѓаните ги блокираа административните премини Јариње и Брњак каде се распоредени косовски специјалци.

Косовската полиција не дозволува пешаци или возила да минуваат низ Јариње, а оние кои веќе поминале ги враќа назад.

Полицијата во централна Србија ги враќа патничките возила кои тргнале кон административните премини, информира РТС.

Во Косовска Митровица се слушаат сирени за тревога, а локалните граѓани излегле на улиците.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти, за порталот Косев, инфо потврдил дека има блокада во Зубин Поток кај Вараге и во Рударе.

– Имаше блокада на патот во Зубин Поток кај Вараге и во Рударе. Наводно се раширила лажна вест дека општината ќе биде блокирана од специјални единици, што апсолутно не е точно и нема таква намера, изјави Бесим Хоти за Косев.

Читатели Н1 од северот на Косово претходно за Н1 изјавија дека граѓаните се собираат кај крстот во селото Рударе во општина Звечан.

Претходно сирени се огласија во северниот дел на Косовска Митровица. Во меѓувреме сирени се слушнале и во Зубина Поток.

КФОР соопшти дека „ја следи ситуацијата и собира податоци“.

– Во врска со сирените за тревога кои непрекинато се слушаат во северниот дел на Косовска Митровица, КФОР ја следи ситуацијата и моментално собира информации, соопштија од штабот на КФОР.

Новинарката од Косовска Митровица, Ана Марија Ивковиќ, изјави дека косовската полиција официјално потврдила дека граѓаните поставиле барикади на две места кај Вараге и во Рударе. На тие места блокирани се патишта и има граѓани и механизација, а засега состојбата е мирна.

Ивковиќ за Н1 рече дека никој не може со сигурност да каже која е причината за сирените кои сè уште се слушаат.

МИА4Фото: Принтскрин Јутјуб


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7