ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/30/22 2:24 PM

(видео)Румена Бужаровска: Прашањето дали постои македонски јазик е обична глупост, исто како да ме прашате дали имам очи

Мислам дека е многу штетно, константно да се браниме дека нешто што постои, постои, оти тогаш лагата како да станува вистина, изјави Румена Бужаровска македонска писателка, книжевна преведувачка и професорка., во гостувањето во емисијата Стадион на Канал 77 одговарајќи на прашањето-Дали постои македонскиот јазик

„ Замислете сега некој да ми рече мене дека немам очи. Имам очи, очигледно е дека имам очи и дека гледам и некој да почне да ми ја пласира приказната дека немам очи како што некој пласира приказна дека ние немаме јазик. И јас да почнам да се бранам преку триста манифести, преку триста не знам какви политички говори дека јас имам очи. Зошто да се бранам од таква глупост. Нема потреба, очигледно е дека имам. И кога се повеќе само го ставте во фокус прашањето на тоа што е невистина тоа се повеќе е вистина. Мислам дека не треба воопшто да дискутираме за вакви работи, да се браниме за тоа дали имаме или немаме јазик. Тоа е крајно глупаво. Очигледно е дека имаме и нема што веќе тие прашања да ги поставуваме. Имаме еден куп книги, еден куп филмови, еден ку музика, признаени сме. Нема што да се докажуваме , за нешто што постои, “ вели Бужаровска.

Таа смета дека е очигледно оти се работи за политичка манипулација.

„од една страна во Бугарија си водат супер политички поени преку национализам. После доаѓа некој тука кај нас истото го прави, па се создава масовна паника, успеваш да ги контролираш масите преку страв. Да престанеме да зборуваме за тоа . Има толку многу фини работи за коишто можеме да се фокусираме. Имаме еден куп филмови што се пласираат надвор во светот, имаат супер резултати, се пишуваат супер работи. Ние треба да се гордееме со сето тоа што сме го оствариле, а не сега да се занимаваме и да се браниме за нешто што е толку очигледно  и постои, “ порача Бужаровска во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7