ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/29/22 6:03 PM

(Видео) „Бугари, Бугари“, се скандираше на фудбалерите во Софија, а и Ѓорче Петров наречен Бугарин

„Бугари, Бугари„, вака се скандираше вчера вечерта на стадионот во софија на натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА.

УЕФА молчи, не реагира во овој случај на говор на омраза, а веднаш се јави кога на натпреварот во Турција навивачите на „Фенербахче“ го скандираа името на Путин.

Објаснување има само од ФФМ, во кое велат:


-Фудбалската федерација на Македонија постојано праќа порака до сите чинители во нашиот спорт – НЕ за национализам, НЕ за дискриминација, НЕ за говорна омраза, НЕ за насилство на фудбалските терени. Фудбалската федерација на Македонија секогаш остро ќе го осудува однесувањето на поединци или група на навивачи, кои нанесуваат штета на своите клубови или фудбалот воопшто. Нашата порака за навивање секогаш е во духот на фер-плејот, почитта и толеранцијата кон противничките екипи и сите љубители на фудбалот велат од ФФМ.

Водителот, пак, иако треба да биде професионалец, додека го коментираше натпреварот рече дека и Ѓорче Петров бил Бугарин.

Погледнете го видеото од овој класичен говор на омраза, кој на натпреварот во Скопје го немаше:

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7