ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/29/22 4:09 PM

Војната на госпоѓите Руни и Варди чини три милиони фунти – Кој кого кодошел?

Судењето за клевета меѓу Колин Руни и Ребека Варди е тема број еден во странските медиуми откако на Ребека и беше наложено да плати 3 милиони фунти.
Што се случило? Овој комплексен судир на сопруги на фудбалери најдобро го опишува изјавата на сопругата на Вејн Руни.
„Не е случај дека сум сакала или сум барала нешто. Никогаш не верував дека ќе треба да одам на суд и да потрошам толку многу пари што може да се искористат за да им помогнам на другите. Пред и по моите објави на социјалните мрежи во 2019 година, ги вложив сите напори да го спречам ова сценарио и јавна тужба. Сите мои обиди беа одбиени од г-ѓа Варди. Таа не ми остави друг избор освен да го следам случајот со цел да се заштитам себеси и да го спречам постојаното протекување на моите приватни информации до „Сан“, започна Колин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coleen Rooney (@coleen_rooney)


Потоа се присети на почетокот.

-Ова „протекување“ од мојот приватен Инстаграм започна во 2017 година, а продолжи во следните две години, мешајќи ја мојата и приватноста на моето семејство. Иако немам злоба кон г-ѓа Варди, денешната пресуда покажува дека бев во право кога го објавив ова во октомври 2019 година“, заклучи Руни.

Овој судски случај привлече големо внимание, а имаше и многу зборови на кратенката “WAG”, што во превод значи сопругите на познатите фудбалери). Така ги имавме „Вагата Кристи“, „Вагсиците во војна“ и „Светско првенство на вагсици“.

Имаше многу изгубени докази за време на случајот, имаше многу солзи, дури и лонгета на ногата, а Руни исто така мораше да биде преместен на клупата за сведоци.

Спектакуларно и јавно се скараа кога Колин рекла дека направила „тајна операција“ за да открие кој му дава на „Сан“ информации за неа.

„Тие дошле од сметката на Ребека Варди“, рече таа и започна драмата за која се пишуваше во Англија цели две години.

Објавата на социјалните мрежи што го потресе светот на шоу-бизнисот во 2019 година најпрво е создадена како рачно напишана порака, дознава судот во мај.

Г-ѓа Руни била видена како чкрта во тетратка со леопардова шара на корицата за време на самото судење. Потоа решила да ја напише пораката и да му ја испрати на својот брат, кој и помогнал да ја објави на своите профили на социјалните мрежи.

Поради „комбинација на несреќни околности“, како што саркастично рече адвокатот на г-ѓа Руни, веќе не е достапна преписката на Ватсап помеѓу агентот на г-ѓа Варди, Керолин Ват, и новинар, што можеше да ги потврди аргументите на г-ѓа Руни.

Госпоѓица Ват случајно го испуштила телефонот во Северното Море за време на крстарење до Шкотска, откриено е  на судот.

Камерите не се дозволени во судниците во Англија (оттука и употребата на цртежи од судот), па сè што можеа да направат папараците е да чекаат надвор рано секој ден за да ги фотографираат пристигнувањата на клучните играчи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebekah Vardy (@rebekah.vardy)

Повеќето денови, г-ѓа Варди ги криеше очите зад големите очила за сонце и облечена во гламурозни фустани од дизајнери од високата класа, додека г-ѓа Руни носеше облека од трговски центри, носејќи ист костим двапати.

Носеше и ортопедска чизмичка, исто како и нејзиниот сопруг Вејн кога ја скрши метатарзалната коска пред Светското првенство во 2006 година – првенството каде за прв пат на сцената се појавија „ваксиците“.

Извор: Нова.рс

Фото: pressgazette.co.uk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7