ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/29/22 9:16 AM

Што се (не) се прави во МРТ, ДЗР го објави конечниот ревизорски извештај

Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Јавно радиодифузно претпријатие „Македонска Радиотелевизија Скопје“.

Во извештајот ДЗР наведува неколку клучни утврдени состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; непрецизни одредби во актот за систематизација за дел од
барањата и описот на работните задачи и неусогласени акти за пресметка на плата со важечките законски одредби; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија; нецелосно спроведен попис на средствата и обврските; невоспоставено следење на преземените мерки за наплата на побарувањата постари од пет години и неправилности во планирањето, доделувањето на договорите за јавни набавки и нивната реализација.

Во издадено мислење стои дека е „мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“.

Клучни препораки на ДЗР се: донесување на стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; – прецизирање на барањата и прилагодување на описот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и усогласување на актите за пресметка на плата со законските прописи; воспоставување на внатрешна ревизија; спроведување целосен попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба; ажурирање на евиденција за следење на побарувањата и навремено преземање правни дејствија за ненаплатените
побарувања од комитентите и подобрување на планирањето, начинот на спроведување
на постапките за јавни набавки, како и потребата од прецизни одредби во договорите за начинот на
реализација на набавката и плаќањето.

Линк до објавениот извештај: https://dzr.mk/sites/default/files/2022-07/RR_MRTV_Skopje_29_08_2022.pdf


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7