ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/7/22 8:02 PM

Се храните здраво и вежбате, а не слабеете доволно? Експертите открија каде грешите

Кога сакаме да ослабнеме, многу често правиме грешки кои ни го попречуваат патот до повитка линија.

Преголемите порции здрава храна и недоволното движење се само дел од најчестите пропусти. Твојата пријателка не внимава што јаде, а е „преполовена“, додека ти мака мачиш со неколку килограми плус? Мислиш дека се храниш здраво, одиш на тренинзи  но вишокот никако да исчезне. Тоа може и да те демотивира, бидејќи не слабееш онолку брзо колку што сакаш. Со ваква ситуација се соочуваат многу жени. Иако процесот на слабеење може да изгледа како лесен потфат за некој кој нема проблеми со телесната тежина, вистината е поинаква. Експертите велат дека треба да се води сметка за нутритивната вреност на намирниците, редовно да се вежба. Значи треба да бидете истрајни и да не дозволувате брзата храна и нездравите десерти да ве освојуваат секој ден. Можеби слабеењето не ви оди како што замислиле бидејќи несвесно правите некоја од следните грешки:

Јадете преголеми порции

Не лажете се дека со здравата храна не може да се претера. Во процесот на слабеење веројатно посегнувате по овошје, зеленчук и други здрави намирници. Кога копнееме по одредена храна, знаеме да ја преполниме чинијата, макар и со здрави намирници. Можеби токму поради тоа водите безуспешна борба со килограмите. Ако гледате дека токму тоа е причината за вашиот неуспех, наполнете ја чинијата помалку. Половина од вашата чинија нека биде со зеленчук, а половина со парче немасно месо. Работата би можеле да ви ја олеснат разните апликации за мерење на калориите. Исто така, ако за ужинка наместо чоколада сте одбрале урми, имајте на ум дека 100 грама урми имаат од 150 до 300 калории, што значи дека и со здравите намирници не треба да се претерува.

Се мерите на вагата и по неколку пати дневно

Кога сакате брзо да ослабнете, едвај чекате вагата да ви покаже помала тежина. Можеби имате и нереални очекувања па мислите дека по два дена здрава исхрана ќе бидете послаби. Затоа се мерите и по повеќе пати дневно, а ако не видите инстантен напредок се разочарувате и веќе размислувате да се откажете. Не, ова не е измислено сценарио туку ситуација во која некои од жените навистина се наоѓаат.  Да се натерате себеси на здрав режим, а да не го добиете очекуваниот резултат, може да биде навистина разочаувачко. Сепак, диетата треба да ја сфатите како грижа за себе, односно овој збор може да го замените со „здраво живеење“. Друго, бројката која ја покажува вагата може да варира, затоа не опседнувајте се со вагата бидејќи на овој начин си создавате преголем психички притисок кој може да предизвика контраефект.

Имате само кардио тренинг

Ако се обидувате да ослабнете неизбежно е да имате телесна активноста. Многу жени при тоа се сосредоточуваат на кардио тренинзите, што секако не е лошо. Но секогаш е добра во тренингот да вметнете и вежби за сила. Некои жени ги прескокнуваат бидејќи се плашат дека ќе се „набилдаат“, но вистината е поинаква. Вежбите за сила може со текот на времето да го поттикнат вашиот метаболизам и да доведат до побрзо согорување на калориите. Со други зборови, можеби слабеењето не ви оди по планот, бидејќи изведувате само една вежба, а другите ги занемарувате.

Избегнувате протеини

Во текот на слабеењето многумина се потпираат на калорискиот дефицит  односно на внесувањето помалку калории одошто трошат. Кога тоа го правите подолго време, неколку недели или еден месец, може да се слуи да заборавите на внесот на протеини. Храната која е богата со протеини го забрзува метаболизмот и го зголемува чувството на ситост. Колку протеини дневно ви се потребно не може да напамет да се одреди бидејќи тоа зависи од возраста, висината и други карактеристики, но едно е сигурно. Ако слабеењето не ви оди по план, размислете дали јадете пилешко, риба, јајца и така натаму.

Го занемарувате сонот

Квалитетниот сон е предуслов за здрав живот. Ненаспаноста негативно влијае на нашата продуктивност, на концентрацијата, но и на губењето килограми. Здраво се храните, вежбате барем повремено, но не гледате напредок. Па, можеби спиете премалку. Дали знаете дека по непроспиената ноќ расте желбата за благо и за мрсна храна. Што понеквалитетно спиете,  толку побргу би можеле да ги „поништите“ постигнатите резултати. Кога не спиеме доволно се зголемува стресот, а тој не е добар сојузник во борбата со килограмите. Доколку не спиете доволно, телото нема да може да се одмори од физичката активност што автоматски ја доведува во прашање користа од тренинзите.

 

Извор:  zena.rtl.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7