ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/28/22 9:00 PM

(Видео) „Абортирај или не ме гледаш“ – Маја (25) самохрана мајка на близнаци се породила во тајност и сега ужива

Маја Најт е самохрана мајка која има близнаци, а на ТикТок таа објавува видеа со кои го воодушевува светот.

Сите кои ја следат ја знаат нејзината животна приказна и уживаат во снимките на кои покажува како таа и малите Вајолет и Скаут живеат. Маја дознала дека е бремена кога имала 25 години, но на нејзиниот партнер тоа не му се допаднало. Тој ѝ рекол да абортира или да прекине секаков контакт со него. Така одлучила да се врати кај својата мајка и во тајност да ја продолжи бременоста.

Дознала дека носи близнаци, а потоа била во паника не знаејќи како сама ќе расте две деца.

Во 34-тата недела од бременоста таа морала итно да биде примена во болница поради контракции, но и поради проблеми со нејзиното срце. Бебињата била предвреме родени и три недели поминале на одделението за предвремено родени деца. Во текот на целата бременост, најголема поддршка за Маја биле нејзината мајка, сестра ѝ и пријателките.

@maiaknight

I wish you could hear their laughs 😭

♬ original sound – musicquotes

Кога таа отворила профил на ТикТок и почнала да го прикажува животот со своите бебиња, многумина посакале да ѝ понудат соработка и баш таа и нејзините близнаци да ги рекламираат нивните производи. Она што најчесто го снима е нивната утринска рутина. Бебињата спијат во посебни креветчиња и потоа ја алармираат својата мајка дека почнува нивното утро.

Покрај видеата во кои прикажува како ги бања, ги носи двете истовремено и ги пресоблекува, Маја често ги снима и нивните анагдоти. На луѓето им е особено интересно да ги гледаат додека јадат сами или пијат вода.

Таа на своите близнаци успева да им пружи се што им е неопходно, но како што вели, има тешки и неиздржливи моменти. Сепак, корисниците кои ја следат редовно и давааат поддршка и совети преку своите коментари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7