ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/26/22 3:40 PM

Негативното зрачење од човек на човек може да убие, поопасно е од осиромашен ураниум: Како д-р Јован Тасиќ со енергијата ги крева луѓето на нозе

Кога се роди нашето дете не забележаме ништо, но како растеше, така гледавме дека нешто не е во ред. Подоцна му дијагностицираа мултипекс склероза. Не можеше ниту да оди. Каде сè не се обидовме да побараме помош, но за џабе. Сè додека не дознавме за овој човек, кој за неполна година го исправи на нозе. Има уште, но и ова до сега што се направи е супер.

Ова ни го раскажа семејство од Штип, кое го најдовме кај д-р  Јован Тасиќ од Србија, човекот на кој за своите 33 години работа, низ раце му поминале илјадници пациенти. Неговото гостување во Скопје го искористивме за ММС, да поразговараме на тема традиционална медицина и на лице место да се увериме зошто толку го бараат луѓето кои имаат големи маки.

Д-р Тасиќ со традиционалната или алтернативната медицина почнал да се занимава во 90-те години, која во тоа време многу малку се знаеше и веруваше на овој начин на лечење.

-Јас кога се појавив во Југославија пред 33 годни сè уште не постоеше титулата д-р по традиционална медицина. Сакав да регистрирам ординација, но тогаш ми рекоа – кај нас доктор по традиционална медицина не постои, вие не сте доктор. Но, во Белград на терапија доаѓаа деца на амбасадори,  деца со дијабет, со епилепсија и резултатите беа извонредни. По две недели децата беа независни од инсулин, секако со контрола на нивните лекари. Кај мене не се исфрла ниту една терапија што ја препишал лекар, пациентот продолжува да си ја зема својата редовна терапија со контрола на својот лекар. Сепак, со моите терапии панкреасот почнува да лачи свој инсулин, во 80 отсто од случаите на дијабет, панкреасот е здрав. Но поради некоја причина тој престанал да лачи инсулин, на пример, поради стрес, најмалку поради храната. Со контрола тоа полека се решава. Така тоа почна сè. Почнаа да доаѓаат луѓето од џет-сетот во Србија, условно кажано. Кога почнаа да доаѓаат „ѕвездите“ јас реков – одам меѓу народот, јас сум за таму. Тргнав да работам и не наплаќав. Стасаа резултатите – децата прогледуваа, почнуваа да одат. Потоа дојде ред да ја платам сметката во хотелот и немав со што. Затоа не можеше поинаку, па го регистрирав центарот. До пред 10 години кај мене доаѓаа инспекции и ми рекоа – морате ова да го тргнете, тука треба да пишува „ординација“.Јас реков не, не треба. Зошто да го променам? Кога ќе дојде кај мене еден човек јас не давам дијагноза, не лечам со билки, не давам лекови. Ова се терапии кои се одвиваат со енергија,  во една просторија каде што има релаксирана музика. Секој пациент кој зема терапија, продолжува да ја зема и кога доаѓа кај мене.

На луѓето им е чудно што за некои болести медицината нема лек, а кај д-р Тасиќ ќе се излечат. Тој вели дека методите на традиционалната медицина се стари илјада години и тие одат паралелно со најсовремените достигнувања на модерната медицина.

-Од 1976 година, СЗО ги има воведено бидејќи се покажаа како ефикасни во лечењето на болести кои биле енигма – епилепсија, аутизам, мултиплекс склероза… Една докторка која ја следи со години мојата работа вели дека овде нема точка, само запирка и секогаш има понатаму. Значи сите тие методи даваат резултати, важно е дека решаваме проблеми. Ако има миом, тој исчезнува. Ако е церебрална парализа, детето почнува да оди. Тогаш самиот лекар кај кој оди на контрола, или ја намалува или ја укинува терапијата. Меѓу моите пациенти има лекари, тие пробале се, ги исцрпиле сите можности од конвенционалната медицина и доаѓаат кај мене. Јас веќе 33 години работам, поминаа околу 300 илјади пациенти и на никој не му одмогнав, вели тој.

Според него ова се терапии кои со сигурност помагаат, прашање е само колку и во кој период. Секако, додава тој,  дека човек со карцином кога ќе дојде во четврти степен има помош, но тоа е тешко. Помошта е во смисла да нема болки, да ја помине ноќта помирно.

-Јас сум само искрен. Дали можам да помогнам? Можам. Но, мора да знаеме што имаме пред нас. Во такви случаи велам дека можам да помогнам, но тоа е процес кој бара време. Ни треба континуитет, особено кај децата со аутизам, кој е глобален проблем и многу малку може да се помогне. Од 45 пациенти дури 27 се со аутизам. Ниту едно од тие деца не е исто, а имаат иста дијагноза.  Психоенерготерапија или таканаречена биоенергија, иако јас не сакам да ја нарекувам така, ја има во секое живо суштество, но прашање е дали може тоа да се пренесе. Традиционалната медицина го гледа човекот како единствено суштество со центар. Јас за мозокот не знам ни пола од тоа што знае еден лекар специјалист. А аутизмот конкретно е состојба, не е болест. Тука е потребен дефектологот и логопедот, но за да се разбудат клетките, потребно е нешто друго. Тука стапуваат на сцена овие методи од традиционалната медицина со цел да се поттикне имунолошкиот систем, тој „универзален доктор“ во човековиот организам кој ги препознава проблемите и постепено ги решава, имуниот систем. Значи посебно внимание се посветува на одредени центри и кога се работи со еден пациент, се работи исклучително по неговиот енергетски код кој кај никого не е ист, вели д-р Тасиќ.

Лугето често се прашуваат која е разликата меѓу традиционална и алтернативна медицина. Според него тоа е речиси исто, но разликата е во тоа што кога ќе кажеме традиционална медицина таа претставува склоп на терапии, а кога ќе кажеме алтернативна медицина тоа се сведува на тн. биоенергија.

-Јас кога почнав да работам во 90-тите за да се разликувам од останатите воведов картотека. Таму се наведува колку години е пациентот,  каква болест има и каква му е состојбата во тековниот момент. Потоа постепено се испишува како детето реагира на терапииите, дали воспоставил контакт со очите, почнал да изговара некои зборови и така натаму. Имам случаи на излечена мултиплекс склероза и сето тоа е медицински поткрепено. Меѓу нив е жена која беше излечена во 1997-та година, а сега има 70 години. Кога таа се појавила кај својата докторка, таа ја прашала со што дојде, дали те донесе сопругот? Пациентката тогаш рекла дека дошла со велосипед и докторката за малку ќе паднела во несвест.  Таа подоцна возеше и автомобил. И кога доаѓаат кај мене приложуваат медицински наоди. Некој вели дека не верува, но непознавањето на нешто, не значи негово непостоење. Ако нешто не познаваме, не можеме да судиме. Јас не ја исклучувам современата медицина и јас земам лекови, но кај овие комплексни состојби, кога медицината ќе дојде до одредени граници, а потоа застанува, стапува на сцена традиционалната медицина. Таа го гледа човекот како едно единствено битие. Сето тоа е убаво објаснето, поткрепено со сведоштва и фотографии во мојата книга, која е преведена на седум јазици. Сум добил доста признанија и награди, добив седум оскари за еден од најуспешните во лечење на Србија и Балканот, па европско признание. Ми даваа награди од повеќе области, а јас прашав зошто јас? Оттаму ми рекоа „докторе, во овие луди времиња ништо не се знае, а вие секој ден имате резултати“, објаснува докторот.

Според него најдобриот пат до успехот е кога современата медицина оди рака под рака со традиционалната. Кога станува збор за алтернативната медицина,  вели тој, тука не постои кој кога дошол и од што е болен. „Тука нема пат, но ако се работи за здравје мора да има пат.  Човекот кој го работи тоа мора да биде медицински поткован, не мора да биде доктор, но да знае анатомија, да знае што и каде се наоѓа“.

Иако во неговата кариера има запишано над 300.000 пациенти, сепак, има случаи на кои е посебно горд. Со гордост го раскажува случајот на малиот Милош кој прогледал иако докторката за него рекла дека се родил со неразвиен очен нерв.

-Тоа укажува на фактот дека покрај нашето физичко тело кое се гледа, постои уште едно енергетско тело каде се сместени сите тие центри. Значи детето нема физичка врска меѓу окото и мозокот. Докторката им рекла на родителите дека нивното дете никогаш нема да гледа.  Детето имаше 11 месеци, кај мене почна да доаѓа во февруари, на три години почна да препознава автомобили, да разликува бои. Тој заврши и средно училиште па почна да оди на пракса кај мојот син како физиотерапевт. Тој сè уште не гледа јасно, но може да биде самостоен, да се движи. Важно е да се вклучат терапиите кога детето е мало. Кога Милош прогледа, новинарите „нагрнаа“. Напишаа дека јас сум му го вратил видот, но јас не му го вратив видот. Човекот е многу мал за да направи вакво нешто како што се случува по моите терапии. Тоа го прави Бог. Некој можеби тоа ќе го нарече поразлично, но јас од мојата пракса видов дека мене ми е дадено нешто и јас само треба да сакам да се дадам себеси. За да може човек да го работи ова мора да има дарба од Бог, да знае медицина и да има срце „од овде до Дубаи“.

Доктор Тасиќ не ни сонувал дека ќе го работи ова. Завршил Воена гимназија, па Воена академија, па се запишал на Факултет за електроинженерство. Но, кога со жена му се разделиле, не само што бил без жена и деца туку и практично на улица. Во 1985 година се одржувала конференција за парапсихологија и негов пријател бил покровител.

–  Ми рече „одиш со мене, нема да те гледам како страдаш“. Тргнав со него и имав чувство како до тогаш да сум имал ѓубре на мене, а како да се исуши. Стигнавме таму и излезе еден од тие божји луѓе и покажа со прст кон мене. Ми рекоа- дојди нешто да помогнеш. Мислев дека ме викаат за да помогнам нешто да се пренесе, но тоа беше една просторија полна со луѓе.  Ми рекоа „како да дознаеш дали ти поседуваш нешто“? Кога ученикот е спремен, учителот сам доаѓа. Така тоа почна полека. Мојот живот е многу чуден. Јас на шест години сам се запишав во прво одделение и дојдов дома среќен, а бевме материјално слабо семејство. Бев единец, мојот брат близнак починал за време на породувањето. Словенците велат дека мојот брат близнак ме следи и ми помага. Мајка ми рече- какво училиште, ниту имаме пари за книги, ниту ти е време. Тогаш јас  и реков дека ќе се обесам. Далеку од тоа дека ќе се обесев, но во еден момент некако се тргна столчето на кое стоев и јас навистина почнав да се гушам. Таков страв имаше во мене. За мене се снимени два документарни филма и во еден од нив мајка ми изјави дека кога видела дека сум добро, ме истепала.  Кога имав 14 години знаев дека моите родители немаат пари да ме школуваат и сам заминав за Загреб за да се запишам на воена гимназија, а дома излажав дека ќе одам на екскурзија.  Во гимназијата учевме и светска книжевност, нè учеа на пливање, од нас правеа личност во секој поглед. Јас купив и книга за бонтон за да бидам во тек со нив, раскажува тој.

Кога неговите родители дознале дека ќе оди таму да учи почнале да плачат, но тогаш првпат ги излажал. Им рекол ако не оди ќе мора да платата многу голема сума. Затоа и прифатиле. А за да има пари да се школуба заминал од Лесковац за Белград да работи, па по две кофи малтер носел до четврт кат. Така заминал за Загреб.

Иако се школувал за нешто сосема друго, тој Воена академија стасал до  магистратура по психологија. Оттаму и објаснува за тоа како менталното здравје е поврзано со имунитетот?

– Секој стрес има импакт. Прво доаѓа Бог, па генетиката, па докторот. Начинот на живот може да влијае, но се зависи од првите две работи. Ние со раѓањето имаме депонирани аномалии, кога и дали ќе се развијат во текот на животот не знаеме. Јас дури во Будимпешта бев професор по предметот „Човековиот организам и психичкото и физичкото здравје е тесно поврзано со неговиот начин на живот“. Кога ќе дојде до болест, мора да промениме нешто – исхрана, размислување или начин на живот. Значи да го промениме она што довело до тоа. Доколку не го направиме тоа, ништо не сме направиле. Човек кој сака да го следи своето здравје мора да размислува позитивно, да се сврти кон природата, да го отвори своето срце за љубовта. Тука е суштината на сè. Кога едно по едно ги гледаме работите, ќе видиме дека тоа е така. Најопасно е негативното зрачење од човек на човек, поопасно од осиромашен ураниум или од друго зрачење. Може да убие. Може да разболи. Ако на работното место имате човек кој зрачи негативно и нешто не ви годи во врска со него, тоа ќе ве убие, тоа е најопасно, вели д-р Тасиќ.

Во овој начин на лекување тој вели дека многу е важен Бог и верата во излекувањето. А што се однесува до терапиите има плацебо ефект.

-Како едно дете кое има година дена и тумор, може да верува или да си сугерира на себе дека ќе му биде подобро? Не може никогаш, но вербата е многу важна, иако не е одлучувачка. Конкретно, кај мене доаѓаат луѓе од сите нации точно се гледа разликата кој колку го цени тој мал резултат.  Луѓето кои се поголеми верници се позадоволни и побргу доаѓаат до резултат, објасни тој.

Различна е лепезата на болести, со кои се сретнал тој од лугето кои побарале помош кај него – церебрална парализа, дијабет, епилепсија… Од неговото искуство вели дека, за жал, кај децата сè повеќе се јавуваат тумори, епилепсија, аутизам, но доаѓале и луѓе кои не можат да имаат пород.

-Многу влијаниа имаат за појава на овие болести. Влијае сè, имаме загаден воздух, што дишеме, што јадеме, родителите на што се изложени? Сè се сведува на кафани, луѓето земаат сè и сешто, организмот кој треба утре да е спремен, нема подлога. Да не зборуваме за исхраната која се сведува на брза храна. Тоа не е така само кај нас, така живее цел свет. Треба да јадеме она што е природно, што го јаделе нашите баби и дедовци и родители. Треба човек да се сврти кон Бог и природата и да го отвори срцето за љубовта и животот. Суштината е во тоа дека не ја лечам болеста како болест, туку се работи на покренување на имунитетот. Дијагнозата не е важна. Но, за жал најчесто меѓу пациентите се деца. Секако, доаѓаат и луѓе со постковид симптоми и пак се враќаме на имунитетот. Кога зборував за тоа сите беа скептични, а сега сите се враќаат кон имунитетот, дури се продава и некаква вода која дава имунитет, а јас тоа го викам козметика, разноразните суплементи. Ама сè е до главата и природата, ни рече на крајот тој и моравме да го завршиме разговорот, бидејќи го чекаа лугето, а дечињата беа нетрпливи.

Но, семејството од Штип не е единственото кое спасот го побарало кај д-р Тасиќ. Затековме две мајки од Струмица, кои живеат со години надвор од државата. Иако се струмичанки, маката на нивните деца ги натерала да се запознаат кај него. Дечињата имаа аутизам и нив ги упатиле тука луѓе кои имале иста мака како нив и од тука добиле помош.

А не се само овие три судбини додека ние чекавме за интервју видовме луге од различни градови од Македонија, различни вери. Сретнавме и татко од Црна Гора, кој по професија е лекар, но кога ги исцрпел сите медицински можности спасот го побарал тука

-Скоро цела година доаѓам тука на терапии. Има голем напредок инаку зошто би доаѓал. Не треба ништо јас да кажам, тоа се гледа на моето дете. Знам какво беше кога првпат дојдовме, знам какво е сега. И ќе продолжам да доаѓам сè додека не биде како треба….

 

Вања Мицевска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7