ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/25/22 5:41 PM

Секој со свои проблеми – Белгијците стравуваат дека ќе се намали производството на пиво поради војната во Украина

Пет отсто од производството на пиво доаѓа од Русија и Украина, што се очекува да го погоди секторот на глобално ниво.

Првиот трговец со хмељ на светско ниво, Бартхас, предупреди дека во текот на оваа година се очекува производството на пиво да се намали за 0.5 до еден отсто, но оттаму велат дека во моментов не може да се дадат прецизни проценки.

Белгија е една од земјите која најмногу произведува и најмногу консумира пиво во светот по глава на жител, а пивото е и еден од најпознатите обележја на земјата, заедно со чоколадите.

Пивскиот сектор, како и мнозинството други сектори, е погоден од војната во Украина. Пет отсто од пивото на светско ниво се произведува во Русија и Украина, но од Бартхас уверуваат дека не треба да се стравува дека целосно ќе снема пиво.

Намаленото производство на овој пијалак не се должи на намаленото производство на хмељ, чија реколта минатата година била над просекот, туку на војната во Украина. Меѓутоа и климатскиот фактор игра улога бидејќи квалитетот на хмељот се очекува да биде полош оваа година поради бројните суши во Европа.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7