ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/24/22 9:54 PM

Милијардерот од Гугл се разведува од жена му, го изневерила со блискиот му пријател Илон Маск

Извор за Wall Street Journal тврди дека Илон Маск имал афера со Никол Шанахан, сопругата на ко-основачот на Гугл, Сергеј Брин, кој поднесе барање за развод на почетокот на јануари.

Пријателите на двојката рекле дека романсата на Маск со Никол е она што го поттикнало милијардерот на Гугл да се раздели од неговата сопруга.

Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец кога Маск имал девојче со својата поранешна девојка Грајмс, и еден месец откако тајно станал татко на близнаци со поранешниот извршен директор на стартапот за вештачка интелигенција Неуралинк.

Тој започна да излегува со сегашната девојка Наташа Басет во февруари.

Според Wall Street Journal, Брин обезбедил 500.000 долари на Тесла за време на финансиската криза во 2008 година, „кога се борел да го зголеми производството“. За возврат, Маск му подарил на Брин теренец Тесла во 2015 година.

Забележано е дека адвокатот на Брин одбил да коментира за ова прашање. Илон Маск исто така одбил да коментира.

Брин, седмиот најбогат човек во светот, со проценета вредност од 93 милијарди долари, поднесе барање за развод во јануари, сигнализирајќи го почетокот на еден од најскапите разводи во историјата на Силиконската долина.
Милијардерот бара и заедничко старателство над нивната двегодишна ќерка. Тој исто така бара да не се даде финансиска поддршка на ниту една од поранешните сопружници.

Тој претходно беше во брак со Ен Војчицки од 2007 до 2015 година. Од тој брак има две деца.

Извор: Индекс.хр/новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7