ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/22/22 7:35 PM

Излегла од базен се фатила за полнач и ја удрило струја – Загина девојка (22) во Старата скопска чаршија

Вчера по полноќ во Старата скопска чаршија загинала 22 годишна девојка од Куманово. Несреќата се случила во локал на улицата „Ќурчиска“, а како што информираат од МВР загинала од струен удар, односно излегла од базен и допрела полнач за мобилен телефон.

-На 22.07.2022 во 00.11 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Ќурчиска” починала Љ.С.(22) од кумановско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен, го зела телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија“, се вели во соопштението од МВР и додаваат дека лекар од Брза помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7