Од 150 до 1.000 денари - Шкупи ги пушти во продажба билетите за реваншот против Динамо
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/22/22 11:26 AM

Од 150 до 1.000 денари – Шкупи ги пушти во продажба билетите за реваншот против Динамо

Македонски фудбалски првак Шкупи објави дека навивачите од денеска можат да купуваат влезници за реваншот натпреварот од 2. квалификациско коло против загрепски Динамо, кој ќе се игра во вторник на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Цената на билетот изнесува 150 денари, додека ВИП влезниците се по цена од 300 и 1.000 денари.

Навивачите можат да купат влезници на две локации, на плоштадот Скендербег и на стадионот на Шкупи во Чаир.

Шкупи во вторникот одигра 2-2 на првиот натпревар на „Максимир“ во Загреб и очекува голема поддршка на реваншот во Скопје, во обид да го комплетира изненадувањето против фаворитот и да обезбеди пласман во 3. квалификациско коло во Лигата на шампиони.

МИА

Фото: Анадолија


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7