ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/20/22 2:03 PM

Општина Тетово веќе нема да поставува директор во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ, МОН и ги одзема ингеренциите

Министерството за образование и наука известува дека го одзема вршењето на работите на општина Тетово за именување и разрешување на директор на Средното општинско училиште Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – Општина Тетово, затоа што и покрај укажувањата и преземените мерки и активности од Државниот просветен инспекторат, не обезбедила извршувањето на работите кои со закон се утврдени како нејзина надлежност.

-Државниот просветен инспекторат на 8 јули го извести Министерството за образование и наука дека е извршен вонреден инспекциски надзор во СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“  во општина Тетово, по иницијатива на разрешениот директор на училиштето. Утврдено е дека Градоначалникот на Општина Тетово го разрешил директорот без претходно спроведена постапка согласно закон и именувал вршител на должноста директор, велат во соопштението од МОН и додаваат:

-Инспекторатот му укажал на Градоначалникот за незаконитата постапка. Согласно Закон, Инспекторатот извршил контролен инспекциски надзор, со цел да утврди дали Градоначалникот на Општина Општина Тетово, постапил по Укажувањето. Утврдено е дека Решението за разрешување на директорот се уште не е поништено, а функцијата вршител на должност се уште ја врши новоименуваниот директор. Вршењето на одземените работи, согласно Закон, го презема Министерството за образование и наука, во име и за сметка на општината во траење од 12 месеци, валат од МОН.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7