(Видео) „Можеше барем да се испеглаш“ - Бред Пит на премиера дојде во здолниште, публиката во шок
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/20/22 10:04 AM

(Видео) „Можеше барем да се испеглаш“ – Бред Пит на премиера дојде во здолниште, публиката во шок

Бред Пит (58) важи за еден од најзгодните мажи на светот и што и да облече жените пак ќе го сакаат.  Но, тоа не го намалува изненадувањето што го почувствуваа сите кога го видоа во здолниште до колена на премиерата на филмот во Берлин!

Брет Пит на премиерата на новиот филм Bullet Train се појави облечен во кафено ленено здолниште до колена, соодветен кардиган,  розова ленена кошула,  црни чизми до над глужд, а изгледот го комплетирал со очила за сонце и ланчиња.


Тој уште во 2004 година за време на промоцијата на филмот „Троја“ предвидел дека мажите ќе имаат здолништа во плакарот.

“Мажите ќе носат здолништа следното лето. Тоа е мое предвидување и најава. Филмот им одговара на припадниците на двата пола. Сакавме реализам, а Грците во тој период постојано носеа здолништа”, рекол тогаш Бред.


Луѓето на социјалните мрежи му порачаа на Бред дека „можеше барем да дојде испеглан“., бидејќи  сите алишта на него беа  „изџвакани“.

Извор: Мондо.рс

Фото: Принтскрин Твитер видео


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7