ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/22 1:37 PM

(видео) Не можам да си одам без мојот брат – Горан Јовановски од Грција бара помош за да продолжи потрагата по Мартин

И по десет дена, потрагата по 31-годишниот Мартин е без резултати. Момчето кое исчезна во водите на Егејското море во Посиди, Халкидики и натаму го бараат неговите најблиски со сопствени средства. Неговиот брат Горан дојде од Америка во Грција заедно со својата сопруга и десетмесечното дете. Неговата мајка стигна два дена порано.
Во видеото што го објави командантот на грчката волонтерска служба, Горан објаснува дека потрагата станува прескапа, што неговото семејство повеќе не може да си ја дозволи. Тој побара помош од добрите луѓе, но и од грчката влада, која би можела да ја продолжи потрагата.
– Сега сме заглавен во странска земја, не го знаеме јазикот. Не можам да си одам дома без мојот брат. Немам како да и’ кажам на мојата мајка дека треба да си одиме без брат ми. Затоа, уште еднаш ја молам грчката влада да ни помогне, вели Горан Јовановски.
Братот на Мартин апелира до владата на Грција да ја продолжи потрагата уште некој ден со опремата која вклучува дронови, бродови, хеликоптери. Ги повика грчките граѓани кои имаат дронови да се приклучат на волонтерите од Македонија и Грција, кои заедно го пребаруваат морето.
Во потрагата по Мартин се вклучени и спасувачи од Волонтерската спасувачка служба ОФКАТ, засилени со професионален дрон за мапирање, термална камера и уште два чамци. Во потрагата се вклучија и питомците од Академијата за спасувачи. Засега потрагата е без резултати.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7