ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/14/22 5:02 PM

Искористете го рузмаринот за да ја зајакнете косата и да спречите нејзино опаѓање!

Миењето на косата со чај од рузмарин не само што го стимулира растот на косата, туку активните состојки со антисептично дејство придонесуваат за отстранување на првут.

Рузмаринот е билка која со векови се користи за закрепнување на косата. Богат е изворот на хранливи состојки кои се благотворни за негата на кожата на главата и ги засилува влакната. Може да се користи во вид на чај за плакнење ии како лосион. И едното и другото средство ја засилуваат силата на косата која станува бујна и сјајна.

Освен тоа рузмаринот се користи против ревматски заболувања, за намалување на крвниот притисок, додека етеричното масло од рузмарин се користи за инхалација.

Цветот на Афродита

Рузмаринот (lat. Rosmarinus officinalis) е повеќегодишна зимзелена грмушка. Преведено од латинското име билката значи „морска роса“, додека во античка Грција го нарекувале Цветот на Афродита и се верувало дека го поттикнува учењето па венците од гранчиња рузмарин ги носеле студентите и интелектуалците.

Рузмаринот има мирисни темно зелени литови во вид на иглички и светло сини цветчиња кои мирисаат на камфор, додека вкусот е лутеникав по малиу горчлив и многу ароматичен, па доста често се користи како зачин во кулинарството. Искуствата на традиционаната народна медицина се потврдиле во современите истражувања, па рузмаринот е проверено средство за засилување на косата. Рузмаринот содржи урсолна киселина која ја стимлира циркулацијата на скалпот, коренот на влакното добива повеќе кислород и нутриенти, а резултаот е здраво и побрзо растење на косата.

Во текот на варењето билката испушта драгоцени нутриенти па за косата најчесто се користи чај. Плакнењето на косата со овој чај не само што го стимулира растот на косата туку активните состојки со антисептично декство придонесуваат за отстранување на првут.

Применет на оштетена и инфицирана кожа го забрзува зараснувањето и закрепнувањето од инфекции.

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7