Не е еден, двајца пиштолџии се- Јавното обвинителство со појаснување
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/15/22 6:23 PM

Не е еден, двајца пиштолџии се- Јавното обвинителство со појаснување

Поради интересот на јавноста, Јавното обвинителство појаснува дека денеска беше поведена постапка за едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност поради учество во инцидентите кај плоштадот Скендербег на 6 јули, за што јавноста беше известена со денешното соопштение.

Истовремено, веќе се води постапка против уште едно лице кое е обвинето дека пукало со огнено оружје при наведениот инцидент. Ова лице се наоѓа во притвор и против него Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение на 12 јули, за што јавноста веднаш беше известена:

https://jorm.gov.mk/podneseni-obvinenija-za-inczidentite-za-vreme-na-protestite-vo-skopje/

Двете постапки се однесуваат на различни сторители.

 

Пиштолот на пиштолџијата од „Скендербег“ не е огнено оружје, вели Јавното обвинителство


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7