ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/14/22 9:27 PM

Арсовска го разреши директорот на Зоолошка, заклал 10 коњи за храна на другите животни

По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот.

-Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува, велат од Град Скопје.

Скандалот поради кој е разрешен СТамнов се случил вчера, кога се заклани 10 коњи. Месото од коњите ќе се користело како храна за животните. Овие коњи, како што вели тој за медиумите, ги добиле од Агенцијата за запленет имот, при акции за фаќање дрвокрадци и шверцери,а некои од нив биле болни и затоа ги заклале.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7