ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/11/22 10:31 PM

„Пиво фест“ има финансиски проблеми, им откажува на пеачите, вели Четкар, кој нема да настапи, немале пари да му платат

Во листата на учесници на новото издание на „Пиво фест“ има промени, а тоа го потврди и Владимир Четкар на неговиот профил на Фејсбук.
-За жал настапот на Пивофест, Прилеп кој беше закажан на 17 Јули нема да се случи поради, како што бев информиран, финансиски проблеми со кој се соочува фестивалот. Сите оние кој планираа да ме слушаат во Прилеп на 17 Јули, тоа можат да го направат на 15 и 16 Јули на Вино и Џез Викендот кој ќе се одржи во село Опеница, Охрид, напиша Четкар.
„Пиво фест“ годинава ќе се одржи од 14 до 17 јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7