ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/9/22 8:12 PM

Спасен македонски државјанин на Халкидики, се трага по уште две лица

Државјанин на Северна Македонија е спасен, а по две лица се трага во Посиди на првиот крак на Халкидики, откако тројцата влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите, поради лошото време, јави дописничката на МИА од Атина.

Не постои официјална потврда дали и исчезнатите две лица се македонски државјани.

Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина потврдуваат дека спасениот е од Северна Македонија, станува збор за 25-годишно момче и е во добра здравствена состојба, додека пак спасувачката акција што е во тек за пронаоѓање на двајцата исчезнати, чиј идентитет и националност не се познати, е во услови со силен ветер од пет до шест бофор.

Во спасувачка акција на плажата Мити во Посиди според локалните медиуми учествуваат брод на крајбрежната служба, еден рибарски чамец и хеликоптер на военото воздухопловство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7