ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/8/22 9:00 PM

Повеќе е во црква отколку со неа – Рада го шутнала Милан, замислил дека е монах

Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ наводно ја обновиле емотивната врска по десет години пауза, но нивната љубов кратко траела.

Рада наводно раскинала кога сфатила дека тој повеќе не е стариот.

„Рада веќе нема да толерира ништо што не го смета за нормално, а проблемите почнаа, бидејќи тој мисли дека е скоро монах. Постојано оди по манастири, но сега зборува за тоа како сексот е грев, како треба да не се прави пред брак, па во недела, па на пост, па на црвена буква… Всушност, не треба воопшто да има секс со Рада додека не се венчаат. Со Рада се знаат со години, тие поминаа многу заеднички работи, таа гледа дека тој се променил и сега е поинаков маж, зборува за тоа како сака семејство, брак, знае дека никогаш не би ја оставил сама, но сето тоа е премногу за неа. Повторно почнал да посетува манастири, каде што останувал по месец дена, не се ни јавува на телефон затоа што има послушание, па на служба е, па на молитва… А тоа ја полудува Рада. На неа ѝ треба маж кој ќе биде покрај неа цело време. Рада е убава и згодна девојка, нормално е да има свои потреби. Па кој друг во 21 век чека брак за да биде интимен со партнерката што го сака?“, прашува изворот на Свет.

„Кога Рада му признала што ја мачи, Милан ѝ рекол дека треба да ги почитува неговите убедувања и сѐ што налага религијата, а таа не сакала да се расправа. Таа предложила малку да се одделат, па ако не помогне, дефинитивно да стават крај на нивната приказна, која тој неволно ја прифатил“, вели изворот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7