Си има жена, а една година е во врска со фризерот - Геј афера ја дигна српската естрада на нозе
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/8/22 8:00 PM

Си има жена, а една година е во врска со фризерот – Геј афера ја дигна српската естрада на нозе

Познат српски пејач наводно веќе една година е во страсна и тајна љубовна врска со својот фризер.

Оваа геј афера бруи веќе неколку дена на српската естрада.

– Еден наш оженет пејач е една година во врска со својот фризер, а врската ја кријат како змија нозе – вели извор на курир.рс и додава дека пејачот ги покажувал своите бисексуални склоности и порано, кога бил фатен како се допишува со друг маж.
-За јавноста тој ужива во хармоничен брак, а неговата сопруга нема поим дека нејзиниот сопруг веќе една година одржува тајна врска со својот фризер.

И додека неговата сопруга живее во благословено незнаење, лишена од секаква помисла дека сопругот ја изневерува со маж, тоа не е случај со момчето на пејачот, кој секој час му создава немили сцени и љубоморни испади на фолкерот.

– Парот помина низ сериозна криза кога фризерот од медиумите дознаа за свадбата на својот дечко. Дотогаш слепо верувал во приказната која пејачот му ја сервирал,  дека неговата девојка е само маркетинг и се согласил тајно да се гледаат.  Нивната врска потоа поминала низ сериозна криза, тој го блокирал дечкото на социјалните мрежи, но како што обично се случува, парот набрзо се смирил – рекол изворотза српски курир.

Фото: preokret.info


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7