Џони Деп стана крал- Прва понуда по судскиот процес да го игра Луј Петнаесетти
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/8/22 9:11 AM

Џони Деп стана крал- Прва понуда по судскиот процес да го игра Луј Петнаесетти

Џони Деп ја доби првата улога по последниот судски процес против неговата поранешна сопруга Амбер Хард, којшто го доби и со кој, според многумина, актерот почна да си ја враќа кариерата во нормала.

Проектот со работен наслов „Жана ди Бари“ е во претпродукција.

Се работи за филм на Нетфликс, а Деп ќе го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти, кој владеел во 18. век. Во остварувањето ќе глумат и француската актерка  Мајвен ле Беско (во насловната улога на Жана ди Бари – последната „официјална љубовница“ на кралот), како и Пјер Ришар и Ноеми Лвовски.

Мајвен и ќе го режира филмот.

Нетфликс го лиценцира филмот за Франција, каде што и ќе се снима. Според „Блумберг“, таа финансиска поддршка ќе помогне во финансирањето на продукцијата, но Нетфликс не е вклучен во ништо друго.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7