ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/7/22 12:46 PM

Меѓу Македонија и Турција постојат силни културни врски – Средба меѓу Чигдем Ѓуллу и Бисера Костадиновска-Стојчевска

Советничката за култура и промоција на Република Турција во Скопје, Чигдем
Ѓуллу, која веќе четири години работи во областа на културата и туризмот во Северна
Македонија, Албанија и Косово, беше во проштална посета на Министерката за
култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Чигдем Гулу, која истовремено е уметничка ѝ подари едно од своите уметнички дела на министерката Костадиновска-Стојчевска.


На билатералната средба беше истакнато дека меѓу Турција и Македонија постојат
силни културни врски од минатото и дека треба да се продолжат напорите во секое
време и во сите области за тоа да се зачува. Истакната беше и потребата од развивање
на соработката во нови области кои се директно поврзани со културата, како што се
авторските права


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7