ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/7/22 12:36 PM

„Падна кловнот“ – Британската твитер заедница го распна Борис Џонсон

Британските медиуми, британската јавност, како и твитер заедницата ја поздравија одлуката на Џонсон да поднесе оставка од премиерската функција, а не му требаше долго време за да стане главна трендовска фигура, како водечко лице на „мимови“, на кој му беа припишувани разни лоши карактерни црти, а највпечатливо е тоа што социјалните мрежи неговата оставка ја нарекоа – пад на кловнот.
Така, голем број на фотографии од британскиот премиер дотеран и облечен како кловн, но и како главниот лик од филмот „Џокер“, кој предизвикува целосна анархија на крајот од филмот, го преплавија интернетот.

Британскиот неделник „Економист“ кој се занимава со надворешна политика, веста за оставката на Џонсон ја пренесе со илустрација на премиерот облечен како кловн, со коментар – Падот на кловнот,

Британија по Борис. На фотографијата Џонсон е обвиен со англиски знамиња.
Еден од мимовите е преземен од сцената на серијата Симпсонови, каде што репортерот вели – Глупави зборови, глупави пи*ки.

Заедно со него има коментар – ќе ве поштедам од траумата од слушањето на говорот за оставка на Џонсон.
На една од фотографиите Џонсон е илустриран во пијана верзија како спие гол, со извици радосници од веста за оставка – Забавата конечно заврши – пишува над објавата.


Најчестата фотографија што ја сподели твитер заедницата со различни коментари за застапувањето и политичката кариера на Џонсон, како и за тоа што значи неговата оставка за Британија, е онаа на која премиерот е нашминкан како главниот лик на филмот „Џокер“.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7