ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/10/22 6:00 PM

Алергијата на пари и бакнежи е ретка, но може да го загрози животот

Алергијата претставува прекумерна реакција на имунолошкиот систем. На грчки јазик, алергијата значи изменета реактивност на организмот која е последица на пореметување кај имунолошкиот систем, поради што, нашиот организам препознава одредени материи од опкружувањето како штетен агенс. Најчестите алергии се на прашина, полен, некои видови храна или лекови. Сепак, постојат и необични и ретки алергии од кои страдаат луѓето.

Алергија на бакнежи

Ако некое детенце се почеша на образот бидејќи сте го бакнале, тоа сепак не е алергија на бакнежи. Овој вид алергија е резервиран за убовните парови. Дури и во случај кога партнерот редовно ја одржува хигиената на уснатата празнина и забите, може да се случи неговата плунка да содржи траги од некој алерген на храна или алерген на лек. Во случај некој да има јака алергија на некои намирници, кои може да бидат и животозагрозувачки, советот е партнерот да се откаже од таа храна.

Сончева светлина

По неколку минути на отворено во текот на летото, некои луѓе добиваат осип на кожата. Ваквата алергиска реакција исчезнува кога ќе се тргнеме од УВ зраците и ќе влеземе во затворен простор. Оваа состојба се нарекува соларна уртикарија и вообичаено не е опасна, но може да биде проследена со силно чешање и некогаш да го расипе летниот одмор. Според експертите, состојбата може да се лечи со терапија со десензибилизација при која пациентот постепено се изложува во ординација на се поголемо УВ зрачење.

Реакција на црвено месо

Истражувачите од Универзитетот Вандербилт регистрирале во САД илјадници луѓе кои имале алергиски реакции на месо проследени со осип, повраќање, дијареа и респираторни проблеми. Луѓето  кои имаат вакви реакции мора да избегнуваат црвено месо, а понекогаш и млечни производи.

Алергија на пари

Иако се почесто се користат електронските форми на плаќање, има луѓе кои се алергични на пари. Никелот е метал кој го има на монетите, накит, клучеви и други предмети кои секојдневно ги користиме. Алергијата на никел е честа причина за алергиски дерматитис. Оваа алергија лесно може да се открие, а се лечи со крема по препорака на лекар.

Алергија на пот

Оваа алергија е многу ретка, но луѓето кои ја имаат може да добијат осипл па дури и да повраќаат, по секое одење во теретана. Ваквата алергиска реакција најчесто се предизвикува од интензивна физичка активност како што е трчањето. Се смета дека некои луѓе имаат симптоми доколку пред да вежбаат користат одреден вид храна.

Кај одредени луѓе можно е да се случи и најтешката алергиска реакција која води до пореметување на срцевиот ритам, а таквата состојба е животозагрозувачка.

Менструација

Мала група жени кои имаат автоимун прогестеронски дерматитис се алергични на прогестерон. Симптомите најчесто се манифестираат со рани во устата и осип во оној период кога прогестеронот еднаш месечно го достигнува својот максимум. Благите случаи може да се лечат со креми за кожа, но кај потешите се применува хормонска терапија.

Секс

Алергијата на презервативи од латекс може да предизвика многу непријатности. Се советува луѓето кои се алергични да користат презервативи од полиуретан.

 

Извор: eklinika.telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7