ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/7/22 10:39 AM

Заврши приказната со Данела по разрешувањето на директорот на „Комунална хигиена“ – став на Таравари

По вооружениот инцидент синоќа во кој учествуваше братот на директорот на ЈП на Град Скопје,  „Комунална хигиена“, Зуди Енузи, градоначалничката Данела Арсовска веднаш го разреши. Одлуката ја објави околу полноќ, што го навлече гневот на матичната партија на Енузизи, Алијанса за Албанците, партија која ја поддржа независната кандидатура на Арсовска и коалиционер на ВМРО ДПМНЕ.

-И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална Хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност, се вели во соопштението на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Потпретседателот на АА, Арбен Таравари  вели дека по повој потег, завршува соработката со Арсовска.

-Јас не знам дали е разрешен, оти градоначалничката прво нас треба да не’ консултира. Денеска ќе имаме партиски состанок. Овде завршува нашата соработка, завршува нашата приказна во Скопје со Данела Арсовска. Јас лично тоа ќе го побарам од претседателството на партијата. После 24 часот Данела да разрешува директор без да не’ консултира, нема што повеќе да соработуваме, изјави Таравари во телевизиско интервју.

Таравари реакцијата на нивниот член кој впери пиштол во толпата што маршираше го релативизира, припишувајќи го на афект и импулсивното однесување.

Алијансата за Албанците по синоќешните настани соопшти дека братот на Енузи вчера се бранел, а граѓаните со овие прости се назаштитени.

„Два последователни дена Албанците од Скопје се незаштитени од државата и полицијата. Хулиганите од неодамнешните протести вчера и денеска ги нападнаа имотите на Албанците и граѓаните во Старата чаршија и плоштадот Скендербег. Ги повикуваме граѓаните да бидат воздржани и внимателни и да не напаѓаат во провокации и мрачни сценарија, напиша АА.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7