ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/7/22 9:18 AM

Илон Маск добил уште две деца, близначиња, сега има девет деца

Минатата година, Илон Маск тајно стана татко на близнаци со шефот на една од неговите компании, а беа поднесени судски документи за да се додаде неговото презиме на децата.

Маск, кој веќе има седум деца, доби уште две со Канаѓанката Шивоне Зилис (36), која ја води неговата компанија Неуралинк. Близнаците се родени само неколку недели пред Грајмс да објави дека има уште едно дете со својата партнерка, со помош на сурогат мајка.
Оваа шокантна вест беше откриена кога се појавија судски документи во кои најбогатиот човек на светот и Жилис заеднички бараат да се сменат презимињата на децата за да се додаде мајчиното на „средното“ име, а презимето да стане Маск.

Зилис е директорка за операции и специјални проекти на компанијата „Неуралинк“ и во последните недели се споменуваше како личност од доверба, на која Маск би можел да го довери управувањето со Твитер.

Маск има пет деца со поранешната сопруга, уште две со Грајмс, а неодамна еден од неговите синови од првиот брак побарал од судот да го смени полот и да се откаже од презимето на татко му, бидејќи не сака ништо повеќе со него. .

Извор: мондо.рс

Фото: Instagram


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7