ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/22 9:26 PM

МВР го привело човекот за кој Мицкоски рече дека сакал да го убие

Човекот кој вечерва наводно сакал да пука и да го убие Христијан Моцкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ полицијата го уапсила.

Нефицијално, од извори на ММС станува збор за сопственик на хотел, кој бил близок на политичка партија.

Дека лицето е приведено ни потврдија и од МВР, но само тоа.

-Да, лицето е лишено од слобода и приведено. Повеќе детали ќе има по завршување на протестот, ни рекоа од МВР.

Овој човек вечерва требаше да ме убие, рече Мицкоски и објави фотографија

Пред малку МВР и официјално потврди:

Вечерва во 20.10 часот пред банка спроти споменот „Скендербег“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Ј.(40) од Скопје, кој претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот од Владата кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани, информира МВР.

– Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7