ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/22 9:03 PM

(Видео) Рози од демонстрантите пред полицискиот кордон: Протестот продолжи пред Собранието

Протесниот марш под мотото „Ултиматум – Не благодарам” од пред Владата продолжи кон Министерството за надворешни работи, каде луѓето што протестираа оставаа рози пред полицијата.

Претходно, на раскрсницата пред плоштадот „Скендербег” на влезот во Старата скопска чаршија дојде до вербални дофрлувања меѓу демонстрантите и група млади луѓе, но полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент.

Демонстрантите потоа се упатија кон финалната дестинација – пред Собранието.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7