ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/22 3:16 PM

Поевтинува мазутот, цените на другите горива остануваат исти

Малопродажните цени на бензините и на дизелот не се менуваат, а  цената на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ се намалува за 1,078 денари за килограм и ќе изнесува 52,649 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,4 отсто.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 108,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 110,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 103,5 и Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 102 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек за 2,501 отсто кај бензините и за 1,699 отсто кај дизелот, а курсот на доларот во однос на денарот е повисок за 0,412 отсто.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7