ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/22 3:12 PM

За 700 евра се зафркна пред пензија – Уапсен инспектор на УЈП

На 06.07.2022 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, лишен е од слобода Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи.

ОД МВР информираат дека тој во својство на службено лице, во текот на месец мај и почетокот на месец јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви Записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.

Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен. По претходна наредба од Судија на претходна постапка,  извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства кои беа дадени од страна на правното лице. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7