ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/22 3:02 PM

(Видео) Ако препознаете некој од хулиганите што фрлаа молотови коктели јавете се на 192, апелираат од МВР

МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае од некој од хулиганите, како што е лицето на снимката кое го фрли молотовиот коктел спрема полицијата и објектот на Собранието, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

-Министерството апелира до граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во било какви насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста. Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7