ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/22 10:13 AM

Бибер: Бугарија злоупотребува тоа што 10.000 македонски граѓани добија бугарски пасоши бидејќи се ЕУ пасоши, не затоа што се бугарски

Директор на Центарот за студии за Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Австрија, д-р Флориан Бибер францускиот предлог го оцени како катастрофа за проширувањето, прави преседан со ставањето на билатерални прашања во преговарачката рамка. Бугарските барања ги нарекува националистички. Предлогот, според Бибер е неурамнотежен, бидејќи значително е поблиску до бугарските барања, отколку до позицијата на Македонците и како таков тешко е прифатлив од македонска страна. Нема да има доволно поддршка во Северна Македонија и нератификувањето на договорот ќе се толкува како неуспех во Северна Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања, смета Бибер, кој е добар познавач на процесите во регионот и моментално е претседава со процесот Жан Моне за европеизацијата на Југоисточна Европа. Неговиот став во шест точки во пренесуваме во целост:

Францускиот предлог за отстранување на бугарската блокада е катастрофа за проширувањето. Иако изгледа добро да се стави крај на бугарското вето, тоа постигнува малку и има големи опасности:

  1. Го вклучува билатералниот спор во преговарачкиот процес на ЕУ, давајќи им легитимитет и охрабрување на земјите-членки на ЕУ да ги блокираат идните членки.
  2. Значително е поблиску до бугарските барања отколку до позицијата на Македонците, па затоа е неурамнотежена.
  3. Во суштина ја прифаќа националистичката логика на бугарската влада, која сугерира дека постои прашање за дискриминација на Бугарите во Северна Македонија.
  4. Игнорира дека проблемот е (делумно) создаден од ЕУ. 10.000 македонски граѓани добија бугарски пасоши БИДЕЈЌИ се ЕУ пасоши, не затоа што се бугарски. Граѓаните бараат да бидат граѓани на ЕУ (да работат) е злоупотребено од Бугарија со тврдењето дека се „етнички“ Бугари.
  5. Двострано ги дискредитира механизмите за вистинските малцински права.
  6. Нема да има доволно поддршка во Северна Македонија и нератификувањето на договорот ќе се толкува како неуспех во Северна Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања. Наместо лесен излез, францускиот предлог дополнително ќе го наруши угледот на ЕУ и ќе го закопа процесот на проширување, смета Бибер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7