ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/22 9:40 AM

Приведени се 11 демонстранти, двајца се малолетни, рече министерот Спасовски

-Најостро го осудувам насилството на протестите,  рече министерот Оливер Спасовски на денешната средба со новинарите.

-Нападот на полицијата и институциите не е веќе демократија. Имаме повредено 47 полициски службеници од вандалските напади. Бевме во посета на двајца колеги во болница и се со сериозни повреди. Сакам да изразам благодарност за херојството на секој полицаец кој учествуваше во одбраната на редот и мирот и безбедноста на граѓаните. Секако дека ваков облик на организирано насилство, кој потсетува од 27 април кога 30тина луѓе со качулки го предизвикуваат овој неред. Секако дека професионалниот однос на полцијата се огледа во тоа исклучиво се изврши интервенција кон оние кои ја напаѓаа полицијата, немаме ниту еден повреден граѓанин. Човечкиот живот е бесценет, но и материјалните добра е важно за сите нас. Уништена е урбана опрема и со бекатон плочки се удираше кон полицијата, додаде Спасовски.

Тој апелираше до сите грѓани кои сакаат да изразат незадоволство преку процес тоа да го изразат на демоктратски начин, да не дозволат да бидат изманипулирани.

-Секој напад на полицаец и на витален објект ќе биде најстрого санкциониран. Посебен апел до сите политички субјекти и тоа до сите на одговорен однос бидејќи тие се задолжени да бидат најодговорни. Никако не смеат а организираат насилства и рушење на државата и уставниот поредок. Сметам дека сите заедно мора да допринесеме кон заедничкиот мир и стабилност, да не дозволиме да се продолжи со насилство. Треба да покажеме дека имаме висока демократска свест, рече Спасовски.

Тој информираше дека од синоќешните протести приведени се 11 лица, а од нив двајца се малолетни.

-Секој кој удрил полицаец или објект ќе биде најстрого казнет.   Имаме повеќе информации од кај се, но ова е веќе дел од истрагата и не можам да говорам за тоа. Вие најдобро знаете кој ги организира протестите и кој повикува на насилтво.  Нема повредено демонстранти, делувањето на полицијата беше насочено исклучиво кон таа група која изврши напада. Имаме информации дека и за вечерва ќе биде исто, подготвуваат и молотови коктели и сакам да апелирам да се откажат од таа идеја, рече министерот и не сакаше да каже кој е организатор.

-Кои биле насилниците јавноста тоа подобро го знае. Тоа не е тајна, знаеме кои се организатори на протестите, рече тој на крај.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7