ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/22 9:11 AM

Милиони луѓе повторно во карантин – Ковид-19 во Кина се враќа на голема врата

Десетици милиони луѓе беа во карантин во Кина во средата, бидејќи бизнисите во главниот туристички град беа принудени да ги затворат своите врати, а најновите избувнувања предизвикаа стравувања од враќање на сеопфатните ограничувања.

Здравствените власти објавија повеќе од 300 заразени, а жариштата се идентификувани во историскиот северен град Ксиан, како и во најголемиот град во Кина, Шангај, пренесува Хина.

Новите случаи и официјалниот одговор на нив ги продлабочија стравувањата дека Кина би можела да се врати на видовите строги ограничувања забележани претходно оваа година, кога строгата нулта толеранција на Пекинг за Ковид-19 држеше десетици милиони луѓе затворени со недели.

Во Шангај, некои жители објавија на социјалните мрежи дека добиваат владини испораки на храна – враќање на повеќемесечното заклучување во пролетта.

„Толку сум нервозен, епидемијата ми ја уништи младоста. Ќе ме полуди“, напишал еден корисник на Веибо.

Официјалните лица започнаа нова рунда масовно тестирање во повеќе од половина од населбите во градот по скокот на случаите од викендот, затворајќи ги сите караоке барови во средата, откако беше откриено дека некои случаи се поврзани со шест такви места.

Ксиан, историски град со 13 милиони луѓе кој беше во карантин еден месец на крајот од минатата година, повторно е под „привремени контролни мерки“ откако од саботата беа откриени 29 случаи, главно меѓу работниците за рециклирање отпад.

Јавните места за забава, вклучувајќи пабови, интернет кафулиња и караоке барови, ќе бидат затворени од полноќ во среда, соопштија градските власти.

Државните медиуми покажаа снимки од граѓаните на Ксиан кои чекаат на ред за тестови од полноќ во вторникот, нагласувајќи дека градот не е во заклучување.
„Сите позитивни случаи припаѓаат на варијантите на БА5.2 омикрон, а работата на епидемиолошкиот мониторинг се уште е во полн ек“, рече здравствениот претставник Ксиан Ма Чаофенг на брифингот.

Извор: Ал Џезеира


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7