ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/22 8:38 AM

(Видео) Карлос Сантана се онесвестил среде концерт, итно пренесен во болница

Легендарниот гитарист Карлос Сантана (74) се онесвестил и колабирал за време на настап во градот Кларксон, во државата Мичиген во Соединетите Американски Држави.
На социјалните мрежи веднаш почна да кружи клип од концертот.


Добрата вест е што гитаристот се освести и им мавташе на обожавателите додека го изведоа од сцената.

Концертот бил прекинат откако му се влошила здравствената состојба.

Сè уште нема официјални информации што се случило со Сантана, но медиумите потсетуваат дека минатата година гитаристот имаше операција на срцето, поради што беа откажани сите настапи во декември.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7