ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/22 11:28 PM

Повредените полицајци однесени во болница, но не работеле рендген апаратите, па ги препратиле на Клиника

На Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ примени се тројца полесно повредени полицајци од протестите против францускиот предлог што вечерва се одржаа пред Собранието, потврди за МИА директорката на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски, Нермин Шаќири.

– Бидејќи не работат рендген апаратите, полициските службеници се препратени во Клиничкиот центар на снимање, но немаат сериозни повреди, вели Шаќири.

Претходно, припадници на полицијата од терен за МИА изјавија дека покрај тројца повредени припадници на МВР, оштетено е и полициско возило.

Вкупно четириесет  и седум полицајци се повредени вечерва во судирите со дел од учесниците на протестите, потврдија за МИА од МВР.

Дел од демонстрантите фрлаа петарди, димни бомби и други предмети кон специјалците и ја урнаа оградата пред законодавниот дом, по што интервенираше полицијата.

Од повредените припадници на полициските сили 11 се потешко повредени, а двајца од нив имаат сериозни повреди, додаваат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7