ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/22 10:44 PM

Ах вие мажиња во црни костумчиња, предавници, порача пејачката Ребека низ солзи

Вечерва, на четвртиот ден од протестите на присутните пред Собрание им се обрати пејачката Ребека.

Таа им рече:

-Дали сте добри? Не сте, знам. И јас не сум добра! Вечерва да светнеме, да не види целата вселена, да не слушнат сите, ако сме малечки. Не сме малки имаме толкави срца големи. Мала е оваа грутка, но многу е голема, рече Ребека, а потоа ја испеа „Налеј, налеј“.

Откако ја испеа песната Ребека низ солзи рече:

-Македонци, од завчера се спремам што да кажам. Децата спијат а јас мислам што да му кажам на мојот народ. Ах вие мажиња, во црни костумчиња. Во Европа? Не! Срам да ви е, која мајка ве доела вас! Каде се родивте вие? Каде сте родивте? Овде ли израснавте? Овде ли израснавте? Што сте вие луге сте? Предавници! Македонскиот народ никого не нападнал. Ние не ги окупиравме Бугарите и не го уценуваме да се вика како сака. Колку пари вие џелати земавте? Ќе ја дознаеме ви

стината. Знам дека не се плашите од пеколот затоа што немате душа, празни сте. Вие не донесовте во позиција на потчинетост. Вие одамна требаше да речете-не! Османи немал емоции кога преговарал со Бугарија и со тој Французинот морон, пардон Макрон. Каде си роден ти бе Османи? Кој те школуваше? Како да ги заборавам сите кои се бореле за Македонија? Како бе да заборавам! Срам да ви е! Оставка! Да отоврите Гугл знаете ли што ќе прочитате за нашите херои? Бугарски Македонци! И мојот чукун дедо го најдов таму.Европа не ја замислував ваква! Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на македонски јазик, да имам историја и да не ги менуваат учебниците на моите деца. Тие ќе ни кажат од кога постоиме, од кога бил јазикот и идентитетот  не баре сме малоумни, па не знаеме. Ќе постоиме, неможат да не сотрат , рече Ребека низ солзи и продолжи:

-Ако стоиме така ништо нема да направиме, нема да им се стресат гаќите. Македонија вечна.

Ребека е дел од протестите уште од првиот ден.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7