ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/22 7:50 PM

Преживеав се, па ќе го преживеам и ова – Карлеуша и Душко се разведуваат, целиот имот припадна на децата

Пејачката Јелена Карлеуша преку соопштение на Инстаграм објави дека се разведува од Душко Тошиќ по 14 години брак.

Веќе неколку месеци се шпекулира за нивниот развода, особено по божиќната драма во семејството, кога таа го пријави во полиција, но дури сега конечно јавно го кажа тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да молам за разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Од јавноста не очекувам ни хуманост, ни разбирање, само озборување и миење на устата со нашиот живот. На што сум навикната, па ајде. Сум преживеала се, па ќе го преживеам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни написи, целиот брачен имот е пренесен на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како и досега. Повеќе нема да се огласувам на овој начин – напиша ЈК.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7